Едни од најпопуларните ликови на цртаните филмови ќе оживеат на големото платно и ќе ги донеосат своите лудории во Големото јаболко.
Класикот за мачката и глушецот кои постојано се бркаат добива хибридна филмска форма.
Безвременската приказна за борбата на мачорот Том и глушецот Џери која со години секој ден влегуваше во нашите домови преку малите екрани, се претвора во хибрид од анимиран и игран филм.
Хибридот веќе се снима, со Тим Стори во режисерската столица. Во актерска екипа се Клои Морец , Мајкл Пена, Роб Делејни, Кен Јонг и Колин Џост од „Сатрдеј најт лајф“.
Продукцијата го снима реалниот свет, а Том и Џери ќе бидат додадени со анимација – комбинација која ја видовме во филмот „Who framed Roger Rabbit“.
Мачката и глушецот нема да имаат гласови, туку нивната интеракција претежно ќе се сведе на физичка комедија. Од „Варнер Брос“ всушост сакаат да ја тестираат можноста на паралелна работа на екипите на терен и на аниматорите
Според трејлерот на филмот, насловен „Том и Џери“, вечните непријатели го селат нивното 80-годишно ривалство во хотел во Њујорк, каде што ќе се случи голема свадба. Следува насилство од цртани филмови, каде што Том измислува бројни начини да го фати Џери, иако тоа воглавно не му успева.
Некои сцени се познати и наликуваат на оние што веќе сме ги гледале во кратките цртани филмови – како Џери голта цели маслинки или го треска Том со прозорецот. Трејлерот е дефинитивно модерен изглед со нови шеми, но носталгијата останува.
Премиерата на филмот е предвидена за 5 март 2021 година.