Утрински Весник
Политички Партии

Томовски: Трипати повеќе поништени тендери во АД ЕЛЕМ откако е директор Ковачевски

Томовски: Трипати повеќе поништени тендери во АД ЕЛЕМ откако е директор Ковачевски

7 март 2020

прес-конференција:

Бројот за поништени тендери во 2019 кога Ковачевски е директор во однос на 2017 е пораснат од 149 на 409

Почитувани,

Сите држави си имаат мафија, само кај нас мафијата си има своја држава.

Прв проект што го реализираа Зоран Заев и СДСМ беше укинување на Советот за јавни набавки, да може да влијаат во доделувањето на тендерите.

Мали деца знаат дека нема тендер во државата што не поминува без да биде одобрен од Зоран или Вице Заев. Истото се случува и во АД ЕЛЕМ, каде што како награда за исполнувањето на агендата на Вице Заев и СВ Инвест во РЕК Битола, беше донесен да биде директор Васко Ковачевски.

АД ЕЛЕМ е еден од најголемите институции во Република Македонија и институција која е во првите 10 најголеми објавувачи на тендери и јавни набавки. Затоа и Васко Ковачевски беше поставен за директор, за да може да ги реализира јавните набавки и тендери на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола по теркот на Заеви.

Транспарентноста е слаба страна на СДСМ и Зоран Заев, па затоа во текот на 2019-тата година, мораме да потенцираме дека дури 57% од сите објавени тендери во Република Македонија, завршиле со 1 или 2 понудувачи во 4 очи.

Замислете колку работа ќе има новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, само да ги истражи сите овие сомнителни криминални тендери во 2019-тата година.

Да се фокусираме на АД ЕЛЕМ каде што директор е послушникот на Зоран и Вице Заев.

Доколку се анализира бројот на поништени постапки за јавни набавки во АД ЕЛЕМ во однос на 2017-тата и 2019-тата година, јасно може да се види дека АД ЕЛЕМ е компанија која што оваа година има поништено најмногу тендерски постапки по основ на жалби, што уште еднаш покажува за криминалното и наместено работење на менаџментот на АД ЕЛЕМ.

Во 2017-тата година биле поништени 149 постапки за јавни набавки и тендери, додека пак во 2019-тата се поништени 409 постапки за јавни набавки и тендери, односно бројот за поништени тендери во 2019-тата кога Васко Ковачевски е директор во однос на 2017-тата година е пораснат за цели 175% односно за дури 3 пати повеќе.

 Ивица Томовски ВМРО-ДПМНЕ

 

– МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт