Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Томислав Томашевиќ е новиот градоначалник на Загреб

Томислав Томашевиќ е новиот градоначалник на Загреб
Img 7972

Врз основа на преброени 86 проценти од гласовите, кандидатот на зелено-левата коалиција „Можеме“, Томислав Томашевиќ (39) е новиот градоначалник на Загреб.

Томашевиќ освои 171.956 гласа, додека 89.244 гласачи гласаа за неговиот противкандидат од Движење на татковината, Мирослав Шкоро.

Новиот градоначалник на Загреб, Томислав Томашевиќ, им се заблагодари на своите гласачи за довербата.

„Ви благодарам за довербата, надежта и упорноста дека можна е вистинска промена. Ви благодариме за јасен мандат за вистински промени. Ви благодарам што верувавте во мене, во себе и во сите нас”, рече Томашевиќ и додаде дека ќе ја оправда таа доверба, пренесува хрватски „Индекс“.

Тој исто така им се заблагодари на сите оние кои не гласаа за „Можеме“ и рече дека платформата ќе работи на добивање на нивните гласови, како и на подобар квалитет на живот за сите во тој град.

Томашевиќ ги замоли граѓаните на Загреб да учествуваат во промените и развојот на тој град.

„Пред нас е голема работа и сите промени нема да бидат ниту брзи ниту лесни, но заедно можеме да ги реализираме сите потенцијали на овој град. Нека биде град за секого, не само за избраните. Ајде да тргнеме кон подобра иднина. Загреб може да го стори тоа, сите заедно можеме “, рече Томислав Томашевиќ, новиот градоначалник на Загреб.

Можете да прочитате

Бабиш прогласи победа на неговото движење АНО на изборите во Чешка, премиерот Фиала му честиташе

Трамп предупреди дека нема да толерира одложување на одговорот на Хамас

Демонстранти упаднаа во дворот на претседателската палата во Тбилиси на денот на локалните избори