Утрински Весник
Спорт

Тодоров: Способни сме за 40-45% шут за три поени

Тодоров: Способни сме за 40-45% шут за три поени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Перм, 23 февруари 2020 (МИА) – Селекторот на македонската кошаркарска федерација Александар Тодоров верува дека неговите избраници може да го покачат процентот на реализација на денешниот дуел со Русија, во споредба со натпреварот против Естонија во четвртокот во Скопје.

– Апсолутно нема што да загубиме. Играме против противник кој е многу поатлетски од нас. Само за потсетување колку проблеми имавме во рекетот и на тие скокови во нападот, со Естонија, по кои примивме дури 15 поени во првото полувреме. Така да, тоа е некаде каде што би барал некоја наша шанса, односно да ги неутрализираме тие нивни силни сегменти. Нормално, не со процент на реализација од 26% за три поени. А мислам дека оваа екипа е способна да ’извлече’ еден натпревар со 40-45% во шутот за три поени, смета Тодоров.

Натпреварот во Перм почнува во 16 часот по македонско време. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев со жесток одговор до Мрме: Ајде во пензија, ти помина времето

Тебас: Реал Мадрид создава конфликти во Ла Лига

Почина Васил Рингов  – 24info.mk