Утрински Весник
Македонија

Товарно возило удри во дете на велосипед, со тешки повреди е пренесено во болница

Товарно возило удри во дете на велосипед, со тешки повреди е пренесено во болница

Товарно возило удри во малолетник кој управувал велосипед во Скопје.

Како што информираа од МВР, велосипедистот со тешки повреди бил пренесен во Градската болница.

„На 14.04.2022 во 20.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Костурски херои“ и ул.„Благоја Давков“, товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(46) од Скопје удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“. Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје“, информираа од МВР.

Можете да прочитате

Снаата отиде да се пораѓа а го најде синми мртов вели Димитриев

Муцунски во работна посета на Брисел

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект