АТП воведе нов систем на рангирање поради пандемијата на коронавирусот и имаше многу полемики на кого таквиот начин на бодување најмногу ќе му одговара.
Најверојтно никој не користи колку Роџер Федерер.
Швајцарецот годинава има многу среќа. Наместо 12 месеци, ќе се сметаат последните 22 месеци, од март 2019 година до декември 2020.
Играчите ќе можат да бираат дали сакаат бодовите од одреден турнир да им се сметаат во 2019 или во 2020 година, па така практично никој нема да губи бодови. Тоа најмногу му оди одрака на освојувачот на 20 грен слема.
Федерер во 2020 година одигра само 6 меча, на Австралија Опен каде во полуфиналето беше елиминиран од Новак Ѓоковиќ.
Потоа ја доживеа повредата на коленото , па мораше операција, а веднаш потоа следуваше пандемијата на Ковид 19.
Швајцарецот неодамна објави дека поради опоравувањето ќе ја препушти цела 2020 година, но сега, со новото бодување неговиот ранкинг е спасен.
„За мене во суштина тоа ништо не менува. Променето е бодувањето и моите навивачи може да се среќни, нема да губам поени, а со тоа ниту позицијата. Новиот систем на рангирање ми дозволува да се опуштам. Се надевам дека до декември потполно ќе се вратам во форма и ќе бидам подготвен за натпреварите на почетокот на 2021 година“ – рече Роџер Федерер.