Утрински Весник
Магазин

ТМЗ: Ар Кели е свршен со една од неговите жртви

Пејачот Роберт Aр Кели, наводно, е свршен со една од неговите жртви.

dobivaj vesti na viber

Џојслин Севиџ го откри очигледното партнерство во писмо до судијката Ен Донели неколку моменти пред Кели (55) да биде осуден на 30 години затвор поради тешки сексуални кривични дела – водење шема за регрутирање жени и малолетни деца за секс. Кели беше прогласен за виновен по сите точки на обвинението, меѓу кои и сексуално искористување малолетници, киднапирање и поткуп.

Во допис до судијата, а кој „ТМЗ“ го објави во понеделникот, стои: „Моето име е Џојслин Севиџ, јас сум свршеница на Роберт Кели.“

„Го пишувам ова писмо како поддршка на Роберт пред неговата пресуда, за да можам да му објаснам на судот дека не сум жртва како што ме претстави владата.“

„Врската со Роберт е неверојатна и ние сме длабоко вљубени“.

„Сè уште го поддржувам Роберт до ден-денес бидејќи го сакам и секогаш ќе бидам тука да го поддржувам. Роберт не е чудовиште како што го опиша владата. Роберт што го познавам е многу сладок, нежен и љубезен. На крајот на денот, тој секогаш грижеше за мене, како и за сите други жени со кои бил.

„Тој е голем човек, со големо срце и заслужува да биде дома со своите сакани кои се подготвени да го поддржат,“ се наведува во писмото.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста