Утрински Весник
Спорт

Тијаго Силва може да се врати во Милан по крајот на сезоната

Силва: Радосни сме дека Нејмар остана

Париз, 6 април 2020 (МИА) – Дефанзивецот на Пари Сен-Жермен, Тијаго Силва може да ја продолжи кариерата во Милано, пренесува „Фудбал Италија“.

Се очекува Бразилецот да го напушти ПСЖ на крајот на сезоната по истекот на неговиот договор.

Според изворот, Силва размислува за опцијата за враќање во Милано по крајот на сезоната, но високите барања за плата може да станат пречка.

Бразилскиот дефанзивец играше во Милан од 2009 до 2012 година, по што се пресели во ПСЖ. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почнува кампања против дискриминација во фудбалот

Од кошмарот во Кардиф до четврти шешир: Македонија поразена 7-1 од Велс

Ракометарите на Вардар се вратија на првото место