Утрински Весник
Спорт

Тијаго нема да игра до крајот на сезоната во Бундеслигата

Тијаго нема да игра до крајот на сезоната во Бундеслигата
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхен, 12 јуни 2020 (МИА) – Баерн (Минхен) нема да се потпира на Тијаго Алкантара до крајот на сезоната, потврди тренерот на германскиот шампион Ханси Флик. Фудбалерот од средниот ред, кој изминативе неколку недели беше надвор од акција, поради проблеми со адукторот, се подложи на операција.

– Тој ќе биде надвор од игра по операцијата. Тој реши да го стори тоа сега. Тој има мали шанси да се врати во финалето на Купот на Германија, рече Флик.

Сезоната во Бундеслигата завршува на 27 јуни. Решавачкиот натпревар, по кој ќе биде објавен победникот на националниот куп, е на 4 јули. Во него, Баерн се соочува со Баер (Леверкузен). Натпреварите во Лигата на шампионите се очекува да се одиграат во август, а тогаш Алкантара ќе биде на располагање на Баерн.

Играчот од средниот ред не е единствениот кој недостасува за Баварците. Напаѓачите Роберт Левандовски и Томас Милер се казнети, но крилниот играч Серж Гнабри може да се врати за тимот, откако лечеше повреда на грбот.

Баерн може да стане шампион при домашната победа над Борусија (Менхенгладбах) во сабота и при пораз на гостувањето на Борусија Дортмунд против Фортуна (Дизелдорф).

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата