Утрински Весник
Македонија

Тинејџер за 10.000 евра измамил брачна двојка при купување на половно „ауди“

Тинејџер за 10.000 евра измамил брачна двојка при купување на половно „ауди“

Во попладнивните часови на 25. септември во полициската станица Неготино, 59-годишна жена од овој град пријавила дека била измамена од 18-годишниот А.М. од селото Патишка Река, за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, околу 13 часот истиот ден, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино со 18-годишникот завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“, а тинејџерот бил придружуван и од неговиот брат Н.М.

По ова, сите заедно заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале.

Според пријавата на оштетените, по некое време братот на 18-годишникот им рекол дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни браќата, ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот