Утрински Весник
Магазин

Тиндер претстави новитет за пронаоѓање партнер: Прво разговор, па физички изглед

Тиндер претстави новитет за пронаоѓање партнер: Прво разговор, па физички изглед

Има нешто навистина посебно во тоа да дозволите разговорот да претстави нечија личност без предрасудите што вообичаено ги создава фотографијата, изјави Кајл Милер, потпретседател за иновации во „Тиндер“.

Се чини дека оваа платформа запознавањето на слепо го однесе во нова димензија со иновација во понудата што ја нарекоа „Брз разговор: состанок на слепо“.

Станува збор за спарување на потенцијални партнери врз основа на заеднички интереси користејќи ја апликацијата, но ниту една страна не знае како изгледа личноста што ќе ја запознаат.

Потоа следи темпиран разговор, односно одговарање на неколку прашања и дури откако ќе истече времето определено за разговор, нивните лица се откриваат. На овој начин, луѓето кои бараат сродна душа имаат можност да создадат одреден впечаток за личноста врз основа на разговор, а не на фотографија.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста