Утрински Весник
Магазин

Тина Тарнер вели дека будизмот ѝ го спасил животот

Тина Тарнер вели дека будизмот ѝ го спасил животот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кралицата на рокенролот Тина Тарнер, која говореше за семејното насилство кое го претрпе од нејзиниот покоен поранешен сопруг Ајк Тарнер, е благодарна што била запознаена со будизмот кога минувала низ особено тешки периоди.

“Будизмот ми го спаси животот. Среде моите најтешки времиња, вклучително и семејното насилство, започнав да учам за будистичките принципи,“ рече 81-годишната пејачка во интервју за магазинот „Д Тајмс“.

Мегаѕвездата знаела дека е лесно да се побара брз лек, како што е дрога или алкохол, наместо да ја користи својата верба за да ги преброди тешкотиите.

„Избрав да гледам навнатре, да го допрем изворот на своето големо јас. Мојот драг пријател Дејвид Боуви, кој цел живот го интересираше будизмот, ме нарекуваше феникс, митската птица што се крева од пепелта “.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Џејми Ли Кертис: Направив пластична операција на 25 години и се каам

Со даска за пеглање спакувајте подарок како професионалец

Тејлор Свифт празнично донираше барем два милиона долари во добротворни цели