Шампионот од САД опен, Доминик Тим со победа го стартуваше настапот на елитниот турнир за осумте најдобри тенисери во 2020, АТП финалето во Лондон, и во исто време му се одмазди на Стефанос Циципас.
Австриецот Тим, лани загуби во финалето во „О2 арената“ од Циципас во драматични три сета, но овојпат повторно во три сета стигна до 7:6(5)/4:6/6:3 победа во првиот меч од групата „Лондон 2020“, каде што се наоѓаат и шампионот од Ролан Гарос, Рафа Надал и Русинот Андреј Рубљов, кои својот прв меч го играат во 21 часот.
Во мечот одлучуваа нијанси, но Австриецот беше одличен со 8 аса и 31 директна победничка топка, и загуби само еден брејк на свој сервис во вториот сет. Во првиот сет Тим имаше три шанси за брејк, но не ги искористи, по што го доби сетот во тај-брејк, пред Циципас да се соземе во вториот сет и со ран брејк да израмни на 1:1. Сепак, Тим најде начин за со брејк да поведе со 3:0 во одлучувачкиот сет, за да ја комплетира победата по 137 минути игра.
Revenge is sweet ?
After last year’s final defeat, @ThiemDomi turns the tables on Tsitsipas – winning the opening Group London 2020 match 7-6 4-6 6-3!#NittoATPFinals pic.twitter.com/W0q9wzCwml
— Tennis TV (@TennisTV) November 15, 2020
> Тим му се одмазди на Циципас на стартот на АТП финалето во Лондон <