Утрински Весник
Спорт

Тимо Вернер доаѓа во Реал Мадрид?

Европскиот првак Реал Мадрид сака да се засили со Тимо Вернер. На Карло Анчелоти му е потребен уште еден напаѓач кој би можел да биде квалитетна замена за Карим Бензема.

dobivaj vesti na viber

Тимо Вернер дојде во Челси како едно од најголемите засилувања во летото 2020 година во трансфер од Лајпциг вреден околу 53 милиони евра, но не се прослави во изминатите две сезони.

Германскиот напаѓач одигра 56 натпревари во Премиерлигата и постигна 10 гола, премалку за играч од светска класа, педигре со кое пристигна на „Стемфорд бриџ“.

Во претходните денови напаѓачот беше поврзуван со трансфер во Јувентус, но сега шпанските медиуми тврдат дека Вернер е интересен за европскиот шампион Реал Мадрид.

Можете да прочитате

Арсенал и Баерн обезбедија место во осминафиналето на Лигата на шампионите

Заврши првата фаза на Европското првенство во ракомет

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија опен