Утрински Весник
Магазин

Тимот на „Ѓаволот носи Прада“ се здружи за добротворна аукција

Тимот на „Ѓаволот носи Прада“ се здружи за добротворна аукција

Четирите главни sвезди на „Ѓаволот носи Прада“ – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи – се обединија за проект за добротворни цели

Главните протагонисти на популарната комедија-драма од 2006 година се здружија повторно за аукција на која најдобриот понудувач ќе има можност да воспостави 10-минутен видеоповик преку платформата „Зум“ со нив.

Потфатот е за помош на театарската мрежа Lollipop Theatre Network.

Наддавањето ќе трае до 3 август во CharityBuzz, а на добитникот ќе му биде дозволен еден повик на „Зум“ на кој ќе бидат присутни сите четири селебрити личности.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 16 март 2026

Пост од 24 часа: Придобивки и здравствени проблеми

Транзитниот Јупитер во Рак носи силен фокус на домот и емоциите вели Јанковска