Утрински Весник
Македонија

Тимоние: Желбата на Франција е овие избори да бидат што поуспешни и демократски

Тимоние: Желбата на Франција е овие избори да бидат што поуспешни и демократски

 

Тетово, 12 март 2020 (МИА) – Амбасадорот на Франција во земјава Кристиан Тимоние денеска беше во седиштето на Демократската партија на Албанците во Тетово на средба со претседателот на Мендух Тачи со кој  во најголем дел разговарале за претстојните избори.

-Посетата е во рамки на посетите што ги правам кај сите политички партии во врска со започнување на предизборната кампања. Желбата на Франција е овие избори да бидат што поуспешни и подемократски, истакна амбасадорот.

Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се одржи самитот на ЕУ во Загреб со оглед на ситуацијата со коронавирусот, тој истакна дека се зависи од ситуацијата.

-Вирусот нема граници. Зависи од ситуацијата, треба поголема мобилизација. Сепак од нас не зависи, истакна Тимоние.

Претседателот на ДПА Мендух Тачи не даде изјава за медиумите. ас/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Филков ќе магистира на тема за владиниот ресор со кој раководи

МакедонијаСДСМ ги објави имињата на уште тројца кандидати за градончалници

Семејството на смртно прегазената Теодора револтирано: „Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор?“