Утрински Весник
Економија

ТикТок ја отфрли понудата за продажба на Мајкрософт

Социјалната мрежа ТикТок го напушта Хонгконг
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кинеската компанија БајтДенс, сопственик на популарната апликација ТикТок, ја отфрли понудата за продажба на Мајкрософт. Компанијата објави дека наместо продажба, договорено е партнерство со корпорацијата Оракл.

„БајтДенс нè извести дека нема да го продава Тикток во САД. Убедени сме дека нашиот предлог беше добар за корисниците на ТикТок и заштитата на интересите на националната безбедност”, се вели во соопштението на Мајкрософт.

БајтДенс се откажа од продажба на ТикТок во Соединетите Американски Држави, а добро информиран извор изјави за Ројтерс дека кинеската компанија се согласила да соработува со Оракл за да избегне забрана за деловно работење во САД.

„Договорено е Оракл да биде технолошки партнер за БајтДенс и да го преземе управувањето со податоците за клиенти на ТикТок во САД“, рече изворот.

Оракл преговара и за преземање на ТикТок во САД.

Во август, американскиот претседател Доналд Трамп му даде рок на БајтДенс да го продаде или суспендира американскиот дел од бизнисот со апликации „ТикТок“ или во спротивно кинеската апликација ќе биде забранета во САД.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Возниот парк во земјава стар 20 години, доминираат дизел возилата, само еден отсто се хибридни и електрични

Раст и на извозот и на увозот во периодот јануари – ноември 2025 година

Во мобилната телефонија 2.105.467 претплатници, 459.643 фиксни линии