Утрински Весник
Спорт

Тејтум влезе во историјата на Селтикс

Тејтум влезе во историјата на Селтикс

Џејсон Тејтум ја обележа ноќта во НБА лигата. Кошаркарот на Бостон Селтикс влезе во исторјата на франшизата, постигна 60 поени, во победата на Селтикс над Сан Антонио Спарс 143:140.

Бостон и Сан Антонио победникот го решваа во продолжението. Селтикс славе благодарение на рекордната партија на Тејтум. Тој постигна 60 поени, на кои придодаде осум скока и пет асистенции.

Во богатата историја на Селтикс, само легендарниот Лери Бирд, во кариерата постигнал 60 поени на еден натпревар.

Тејтум го иницираше епскиот пресврт на Селтикс, кои успеаја да се вратата во мечот и покрај минусот од 32 поени, што го имаа во еден период од натпреварот.

Кај Сан Антонио се истакна Демар Дерозан со 30 поени и 14 асистенции.

Леброн Џејмс, по најдолгата пауза во кариерата, се врати во тимот на ЛА Лејкерс. Тој против Сакраменто промаши тројка за победа. Сакраменто, по дебаклот против Јута Џез, успеаја да ги победат шампионите со 110:106.

Леброн натпреварот го заврши со 16 поени, осум скока и седум асистенции.

Сакраменто до победата го предводеа Халибартон со 23 и Холмс со 20 поени.

Резултати:

 Филаделфија-Атланта 126:104

Кливленд-Вашингтон 93:122

Бруклин-Портланд 109:128

Мемфис-Орландо 92:75

Чикаго-Милвоки 98:108

Финикс-Јута 121:100

> Тејтум влезе во историјата на Селтикс <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина