Утрински Весник
Магазин

Тејлор Свифт се соочува со судење за авторски права

Тејлор Свифт се соочува со судење за авторски права

Поп ѕвездата Тејлор Свифт ќе мора да се соочи со тужба од двајца текстописци кои тврдат дека пејачката, добитник на „Греми“, копирала нивен текст за хитот Shake It Off од 2014 година, одлучи судија во Калифорнија.

Во одлуката објавена во четвртокот, окружниот судија Мајкл В. Фицџералд не се согласи со обидот на Свифт да ја отфрли тужбата во која се вели дека зела текст од песната Playas Gon ‘Play (2014) на аренби бендот 3LW.

Фицџералд рече дека има „некои забележливи разлики меѓу двете песни, но и доволно објективни сличности“, поради што случајот треба да оди на судење со порота.

Портпаролката на Свифт немаше коментар на ваквата одлука. Во 2017 година, претставници на Свифт го нарекоа тврдењето на текстописците за кршење на авторските права „смешен обид за грабање пари“.

Шон Хол и Нејтан Батлер тогаш ја тужеа Свифт и бараа оштета Нивниот случај беше отфрлен во 2018 година, но тие поднесоа жалба.

Во Shake It Off, Свифт пее: „играчите ќе играат, играат, играат, играат, играат, а хејтерите ќе мразат, мразат, мразат, мразат, мразат“.

Во Playas Gon ‘Play, напишана од Хол и Батлер, има стих „играчи, тие ќе играат, а хејтери, тие ќе мразат“.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста