Утрински Весник
Македонија

Тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, смета Филипче

Тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, смета Филипче

Скопје, 14 мај 2020 (МИА) – Очигледно е дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, смета министерот за здравство Венко Филипче.

– Во однос на авиотранспортот, ова е многу легитимна дилема која сите ја имаат. Прво зависи од политиката што ќе ја водат авиокомпаниите, државите во однос на аеродромите. Како што се сега најавите, очигледно дека многу тешко ќе биде да се врати авиосообраќајот онака како што беше, па да има за кратко време пристап до аеродром, поминување на безбедносните процедури. Очигледно дека сега се најавите дека тие ќе траат повеќе време. Цела на состанокот во Атина е ова, рече денеска на прес-конференција Филипче, одговарајќи на новинарско прашување како во иднина ќе се одвива авиосообрќајот.

Министерот за здравство појасни дека уште поважен кај нас е копнениот сообраќај. Потсети на големиот број наши граѓани кои патуваат и големиот број странци кои транзитираат и се задржуваат во нашата земја, онаму каде што може да се застане или неколку дена поминуваат кај нас.

-Имаме повеќе отворени прашања. Кои ќе бидат иницијалните ставови? Сега предвид доаѓа тестирање кое можеби е во важност неколку дена. Но, сепак не е гаранција, може да е некаква сигурност. Се поставува прашањето – кои резултати, чии резултати, какви тестови и колку време треба да важат. Понатаму, што ако околните земји имаат некаква друга политика. Верувам дека ова ќе биде една добра координативна средба за да се иницира понатаму и тој заеднички состанок на земјите во регионот. Министерот за надворешни работи е целосно во тек и на тоа ниво се разговара, и во земјите на ЕУ и на ниво на регионот, соопшти Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање за протоколот за хронично болните, Филипче изјави дека се уште важи тоа дека хроничните пациенти не одат на работа. мд/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал