Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден пешак во Крива Паланка откако во него удрило возило и побегнало

Тешко повреден пешак во Крива Паланка откако во него удрило возило и побегнало

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека на ул.„Дупница“ во Крива Паланка возило удрило во М.С.(58) од с.Конопница, по што го напуштило местото на несреќата.

Притоа, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира полицијата.

Можете да прочитате

Кривична за четворица битолчани поради предизвикување на омраза врз различни основи

Став на Партијата на пензионери за цените на лековите и кризата со енергенси

СОС Детско село: 25 години менуваме животи