Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист и девојка во судир со комбе

Две лица се тешко повредени во судир на мотор и комбе на крстосницата од ул.“Карпошева“ со ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе.

Несреќата се случила вчера. Моторцикл „јамаха“ со кочански регистарски ознаки, го управувал П.А.(29) од Кочани, а товарното моторно возило “фиат“ со штипски регистарски ознаки, го управувал Т.П.(61) од Свети Николе.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле моторциклистот и сопатничката Т.С.(20) од Кочани констатирани во ЈЗУ Свети Николе. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Можете да прочитате

Турски државјанин измамен во Гостивар за 2700 евра

Се најавува сериозен снежен бран на Балканот

Предлагачите на законот за заштита од пушењето не го слушнаа гласот на малите трговци