Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка со автобус во Скопје

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Триесет и тригодишен мотоциклист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне на бул. Александар Македонски во Скопје.

Според информациите на МВР, сообраќајката се случила помеѓу мотоцикл „јамаха“ со пробиштипски регистарски ознаки, управуван од Т.В.(33) од Пробиштип, и автобус „санос“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Р.П.(54) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки 

ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛА: 19-годишно момче пронајдено мртво во стан, колегите од „Кромберг и Шуберт“ се простуваат