Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден малолетен пешак во Арачиново

Вчера околу 14:10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионален пат Липково – Арачиново, во с. Матејче, општина Липково, патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(24) од с. Виштица, општина Липково, удрило во малолетен пешак од с. Матејче.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Можете да прочитате

Филипче: Намалувањето на ДДВ за гориво е задоцнета и половична мерка која нема да има ефект

Три лица уапсени за семејно насилство во последното деноноќие

Приведени седум лица во Скопје