Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден велосипедист откако во него удрило комбе

Тешко повреден велосипедист откако во него удрило комбе
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со тешки телесни повреди се здобил 77 годишен велосипедист, откако во него удрило комбе.

Според информациите од полицијата, на 23.11.2021 во 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“, на спојување со ул.„Крсто Раковски“, товарно моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(47) од Берово, удрило во велосипед управуван од Г.М.(77) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, кои биле констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

Денеска треба да се избере ВД Јавен обвинител

Од утре попладне доаѓаат дождови и снегови

Поставена новогодишна елка во Охридското езеро