Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден велосипедист на патот Охрид – Св. Наум

Тешко повреден велосипедист на патот Охрид – Св. Наум

Во пладневните часови на 24 мај, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, кај населбата „Елешец“, се случила сообраќајна незгода во која автомобил „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, управуван од М.Д. (26) од Пробиштип удрил во 54-годишниот велосипедист Т.Ш. од Струга.

Во незгодата со тешки повреди се здобил велосипедистот на кого му била укажана лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид.

Можете да прочитате

Вајц: Уставните измени се услов за кој не се преговара

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, тогаш Заев и Филипче да одговорат колку пари земале тие за продажбата на името

Пролетно сонце во Македонија: Нè очекуваат натпросечни температури