Утрински Весник
Македонија

Тешко повреден велосипедист во сообраќајка во Скопје

Овчар загина од удар на гром во светиниколско

Шеесетгодишен велосипедист е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.

Според информациите на МВР, вчера во 13.50 часот било пријавено дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје, автомобил „бе-ем-ве“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Х.(23) од Скопје, удрило во велосипедистот Ф.Д.(60) од Скопје.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски