Утрински Весник
Македонија

Тешка состојба на паценти од Ковид-19 може да има и кај помлади лица

Тешка состојба на паценти од Ковид-19 може да има и кај помлади лица

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Тешка стостојба на заболен од Ковид-19 значи кога пациентот е целосно зависен од респираторна поддршка, односно е ставен на респираторна машина и има отажнато дишење, односно ткивата не можат да се снабдуваат со кислород.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција, на прашање на МИА појасни дека тешката состојба кај пациентите кои се лечат од Ковид-19 е поради врзувањето на кислородот за хемоглобинот во крвта.

-Тие пациенти веднаш се приклучуваат на респираторна поддршка. Не само кај нас туку и во  други земји во светот има пациенти кои имаат тешка клиничка слика, а немаат претходни болести, истакна Филипче.

Министерот рече дека и кај нас има такви случаи и нагласи дека тоа се случува и кај помлади пациенти. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Метален профил усмрти 23 годишен градежен работник во индустриска зона кај Петровец

Жерновски поднесува претставка до Судскиот совет за изјавите на Митева за незавршена судска постапка

Косовар баран од Интерпол уапсен на Блаце