Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“, во Скопје, две лица тешко повредени

Тешка сообраќајна несреќа на „Рузвелтова“, во Скопје, две лица тешко повредени

Две лица биле потешко повредени во сообраќајната незгода која се случила ноќва на крстосницата од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, извести полицијата.

На 26.06.2021 во 02.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Франклин Рузвелт“, С.Р.(25) од с.Инџиково, скопско, управувајќи патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот.

Во незгодата возачот и сопатничката С.Ѓ.(24) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

КОД открива: Фарма во Трубарево добила лиценца за отпад – зад неа стоеле „Нула отпад“ и „Ф-Групација“

Расипан клучниот радар во МНАВ, контролорите не ги гледаат авионите при слетување

Спасувачка акција на повредено лице над Горно Јеловце