Утрински Весник
Македонија

Тешка сообраќајка во Тетово меѓу три возила, седуммина повредени

По судир на две возила, прегазен пешак и удрено паркирано возило

Во сообраќајна несреќа помеѓу три возила што се случи синоќа на бул.„Илинденска“ во Тетово, повредени се седум лица, меѓу кои потешко е повредена 16-годишна малолетничка од Тетово.

Таа со тешки телесни повреди била пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Останатите учесници во незгодата се здобиле со телесни повреди и им била укажана лекарска помош во Клинички центар Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно