Утрински Весник
Свет

Техеран: Вежбите во Персискиот залив се предупредување за Израел

Техеран: Вежбите во Персискиот залив се предупредување за Израел

Иранските воени вежби оваа недела во Заливот беа со цел да се испрати предупредување до Израел, изјавија денеска високите воени команданти на Иран.

Воените игри на Револуционерната гарда, кои вклучуваа истрелување балистички и крстаречки ракети, завршија денеска, јавува Ројтерс.

„Овие вежби имаа многу јасна порака, а тоа е сериозно предупредување за заканите на ционистичкиот режим да се пази од своите грешки“, изјави началникот на гардата, генерал Хосеин Салами на државната телевизија.

Можете да прочитате

Судири помеѓу полицијата и земјоделците пред ЕП во Стразбур

Британската влада одобри Кина да почне со изградба на нова амбасада во Лондон, една од најголемите во светот

Владата на Полска планира да ја укине вонредната помош за Украинците