Утрински Весник
Македонија

Тетовчани цртаа врз дупките на улиците за да ја подигнат свеста: „Граѓаните трпат штети, општината нема слух“

Тетовчани цртаа врз дупките на улиците за да ја подигнат свеста: „Граѓаните трпат штети, општината нема слух“

Mлади активисти од Тетово направија акција, со цел да укажат на ударните и најкритични дупки на улиците во градот. Ваквите места ги обележаа со цртежи на сите градски патишта за да и испратаат порака на општината.

Градските улици во Тетово се полни со дупки, кои ги има толку многу што возачите и граѓаните почнаа да ги користат и социјалните мрежи за да се информираат меѓусебно и да се предупредат меѓусебно за некоја нова дупка во градот, велат активистите.

Додаваат дека граѓаните секојдневно страдаат со штетите предизвикани од дупките, а општината нема слух за ова прашање.

Акцијата е изработена етапнo и секвенцијално од страна на различни автори.

Акцијата наречена „Започна санација на најкритичните дупки“ во Тетово е финансиски поддржана од Фондацијата Отворено општество – Македонија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Камерите го снимија моментот на кршењето на стаклото на Бугарската амбасада во Скопје

ТДП ја потврди победата во Центар Жупа

ДИК со првични неофицијални резултати од гласањето во четири општини