Утрински Весник
Македонија

Тетовско семејство изработува и донира бесплатни маски

Тетовско семејство изработува и донира бесплатни маски

Тетово, 21 март 2020 (МИА) – Модното ателје и кројачка работилница на семејството Илјази од Тетово деновиве изработува и доделува бесплатни заштитни маски за на лице на луѓе. Ги даваат на луѓето кои немаат доволно пари за да купат, како и поради тоа што тешко се наоѓаат.

– Нашето семејство во ателјето одлучи да произведуваме маски поради Ковид 19. Идејата дојде спонатно, заедно со мојата фамилија, има луѓе што им требаат маски, а немаат пари да купат и ги нема во патеките. Затоа ние секој произведуваме по 200 маски и ги даваме бесплатно, вели Крешнике Илјази.

Според неа, маските може да дезинфицираат.

-Маските се од материјал 100 отсто отсто памук и се стерилизираат со пеглање. Има во внатрешноста и додатно место за џеб каде може да се стави влажна марамче за додатна сигурност, објаснува Крешнике.

Од семејството велат дека кога се разбрало низ градот некои бизнисмени им донирале и на нив средства и суровини за уште повеќе да имаат материјал за правење на вакви маски. ас/цр

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: СДСМ и ДУИ прават дефокус со етнички теми за да го заштитат криминалот

Утре е тежок празник – oбезглавување на Св. Јован Крстител: Стојте подалеку од сѐ што е црвено, обратете му се на светецот на вистински начин

Пронајдени 501 таблети екстази во стан во Скопје