Утрински Весник
Македонија

Тетовското обвинителство поведе истрага за тешки дела против општата сигурност

Тетовското обвинителство поведе истрага за тешки дела против општата сигурност

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 45-годишен жител на селото Теново за кого постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против општата сигурност според член 292 во врска со член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот била ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки. Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој може да се крие или да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори кривичното дело.​

Можете да прочитате

Приведен бугарски државјанин на ГП Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина

Левица: 14,3 милиони за патни трошоци на пратениците – 400 евра за преживување на работниците

Расчистена кражба во Велес, приведени две лица, дел од украденото е пронајдено и вратено на сопственикот