Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Тетовското зонско паркирање од понеделник со подолго време на наплата

Тетовското зонско паркирање од понеделник со подолго време на наплата
300x250 opst2

Тетово, 27 мај 2020 (МИА) – Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање во Тетово започнува од 1 јуни наместо од 1 мај поради пандемијата со Ковид19 информираа денес од тетовското општинско претријатие. Од понеделник ќе има подолг период на наплата на зонското паркирање.

-Работното време на зоните А и Б ќе биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно, соопштија од Јавното претријатие „Градски паркинг Тетово“.

Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 30 денари, додека во Зона Б е 20 денари од еден час.

Советот на општина Тетово на седница на 27 февруари годинава ја донесе одлуката да има зимско и летно работно време. Според таа одлука, зонското паркирање во период од 1 мај до 30 септември треба да биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 14. Во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се одвива од 7 до 21 часот, а во сабота исто така до 14. ас/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен косовски државјанин, на граничен премин се легитимирал со фалсификувана полициска легитимација

СДСМ: Половина од министрите на Мицкоски имаат бугарски пасоши и таму водат фирми

Клековски: Недостигаат 52 матични доктори во руралните подрачја, со измени на правилникот до поволни услови за отворање ординации и охрабрување на младите доктори да почнат таму да работа