Утрински Весник
Македонија

Тетовски ученици на меѓународен музички натпревар во Белград

Тетовски ученици на меѓународен музички натпревар во Белград

Тетово, 3 март 2020 (МИА) – Александар Ристовски и Ерденај Сали, ученици во основниот оддел на Државното музичко училиште „Тодор Скалоски-Тетоец“ викендов ќе учествуваат на престижниот меѓународен натпревар „Даворин Јенко“ во Белград. Двајцата тетовски ученици ќе настапат во категориите на дувачки инструменти.

– Александар и Ерденај настапуваат на кларинет и двајцата се државни прваци за 2019 година на овој инструмент. Тие се од класата на професорот Новица Соколовски, информираат од училиштето.

Годинава натпреварот се одржува на 8 и 9 март. Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ се одржува 16 години, при што досега учествувале над 6.000 натпреварувачи од голем број европски земји. Музикото училиште „Даворин Јенко“ е основано во 1951 година и претставува најголемо установа за музичко образование во Србија. ас/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка