Тетово, 18 март 2020 (МИА) – Триесет и три годишната Бисера Јовановска од Тетово денеска како донација доби телевизор со што и се исполни желбата за полесен престој во домот особено сега во преиодот кога е препорачано да седи дома поради опасноста од ширење на коронавирусот. Таа живее сама и не е вработена па немала можноста да набави таков уред. Единствено средства за преживување и е социјалната помош и ако некој повремено ја викне да работи како чистачка.
-Социјалната помош ми стасува само за кирија. Едвај преживувам, но таква е мојата судбина. Моите родителите поради одредени околности живеат на друго место и се тешко болни. Брат ми е со нарушено ментално здравје и во болницата во Бардовци, изјави Јовановска.
Таа истакнува дека има потреба од помош од хумани граѓани.
-Не ми стасуваат средства за храна, имам потреба и од хигиенски средства, вели Јовановска која живее во Тетово во близина на трговскиот комплекс „Тетовчанка“.
Претходно добила донации во машина за перење и телевизир.ас/лв/