Утрински Весник
Македонија

Тетовец со автомобил удрил во жена во Скопје и се обидел да избега

Тетовец со автомобил удрил во жена во Скопје и се обидел да избега

Во утринските часови на 2 јуни на скопскиот булевар „Партизански одреди“, автомобил „пежо боксер“ со тетовска регистарација, удрил во 78-годишна жена-пешак, по што возачот побегнал.

Подоцна полицијата го пронашла престапникот, 26-годишниот М.Б, а 78-годишната Н.К. била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде и биле констатирани тешки повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Можете да прочитате

15-та од 28 дијагнози: Кампања „Ги запознаваме ретките болести“ 

За 24 часа наврнаа 48 литри дожд во Македонија

Голем одрон кај селото Колари