Утрински Весник
Македонија

Тетовец загина во тешка сообраќајна незгода на патот Скопје – Тетово

17-годишно момче загина во сообраќајка на патот Охрид – Кичево, автомобилот го управувал негов врсник

Четириесет и петгодишен тетовец загина во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на автопатот Скопје – Тетово.

Во несреќата учествувале три патнички возила и товарно возило.

Од СВР Тетово информираа дека две лица се повредени.

„На местото на несреќата животот го загуби Ф. Р. (45) од Тетово. Повредени се Е. К. (22) од Тетово, кој имал тешка телесна повреда – скршеница на ногата, како и Е. Љ. (31), исто од Тетово, која добила потрес на мозокот и е задржана за опсервација во тетовската клиничка болница“, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид на местото извршија стручна екипа на СВР Тетово и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, ќе се изврши обдукција кај починатото лице.

Во тек е истрага за утврдување на причините поради кои дошло до несреќата.

Можете да прочитате

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование, фокусот на квалитет и инклузивност

Јаневска: МОН не може и не треба да ги превземе надлежностите на Општина Струга 

ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата