Утрински Весник
Автомобили

Тесла со помоќни батерии ќе конкурира на обичните автомобили

Тесла со помоќни батерии ќе конкурира на обичните автомобили

Вашингтон, 17 мај 2020 (МИА) – Компанијата Тесла се подготвува да ги намали цените на своите автомобили до ниво на цените на автомобилите со мотори со внатрешно согорување со воведување многу поефтин батерии со подолг рок на траење.

Батериите ќе има моќност да создаваат електрична енергија за километража од еден милиони миљи (1.6 милиони километри), со капацитет на полнења зголемен од 1,6 илјади до 6.000.

Според достапните информации, акумулаторот ќе биде вграден во новите автомобили Тесла Модел 3 од кинеско производство, а потоа ќе почне да се вградува и во другите модели електро автомобили достапни на европскиот и американскиот пазар.

Елон Маск, основачот на Тесла, треба да го најави новиот акумулатор на компаниски настан при крајот на мај наречен „Ден на батерија“. Продажбите се планирани да започнат при крајот на 2020 година.

Батериите ќе се призведуваат во партнерство со „Амперекс технолочи“, кинески гигант за производство на батерии.

Компанијата најави дека со новите батерии, цените на најновите модели електро автомобили Тесла можат да се намалат до цените на обичните автомобили. кб/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Форд повлекува речиси два милиони возила поради ризик од проблематични делови

Jana

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Jana

Mакедонските возачи на TWINGO CUP викендов со нов интернационален предизвик на тркачката патека во Серес, Грција

utrinskilogin