Утрински Весник
Економија

„Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина

„Тесла“ и „Мерцедес“ ја тужеа американската влада поради царина на увезените делови од Кина
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Водечките производители на автомобили, вклучително и „Мерцедес-Бенз“ и „Тесла“, поднесоа тужба против владата во Вашингтон во врска со царините за увоз на делови од Кина.

Американскиот производител на електрични автомобили, „Тесла“, е последниот во низата компании кои се противат на царинските давачки и бараат враќање на средствата, пренесе Би-Би-Си.

САД воведоа тарифи за увоз на стоки и услуги од Кина, што укажува на огромна нерамнотежа во билансот на надворешната трговија. Кина возврати и двете водечки светски економии започнаа трговска војна што ги опфати технолошките компании.

Медиумите, во меѓувреме, објавија дека производителите на автомобили изминативе денови поднеле низа тужби пред Судот за меѓународна трговија, со седиште во Њујорк, пренесува Би-Би-Си.

„Мерцедес“ го обвинува Вашингтон за „невидена и неограничена трговска војна, која влијае на увозот од Народна Република Кина во вредност од над 500 милијарди долари“.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

УЈП: Потпишан трипартитен договор за целосна примена на Законот за работно ангажирање на лица

Новата година носи поскапување на градинките во десетици општини

Македонските семејства над половина од буџетот го трошат на храна