Утрински Весник
Економија

„Тесла“ инвестираше речиси шест милијарди евра во фабрика близу Берлин

„Тесла“ инвестираше речиси шест милијарди евра во фабрика близу Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили „Тесла“ инвестираше околу 5,8 милијарди евра во првата фабрика во Европа, недалеку од Берлин, објави германската телевизија ЗДФ.

Американскиот производител не ја соопшти висината на инвестицијата, но портпаролката на Министерството за економија на германската сојузна држава Бранденбург, каде што се гради фабриката, потврди дека вредноста на инвестицијата што ја објави ЗДФ во вторникот е точна.

Производството се очекува да започне во фабрика во близина на Берлин во јуни и треба да произведува до 500.000 возила годишно.

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, исто така, планира да започне масовно производство на батериски ќелии во околината на германскиот главен град.

Фабриката треба да произведе нов вид батерии кои ќе имаат шест пати повеќе енергија, ќе зафаќаат помалку простор и ќе трошат помалку енергија, велат извори од индустријата.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ССКМ : Потпишувањето на договорот за соработка е порака која бизнис секторот ја препознава

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

МФ: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“ со измените на Законот за ДДВ