Утрински Весник
Свет

Терористот од Виена претходно работел како обезбедување на болница

Терористот од Виена претходно работел како обезбедување на болница
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември во центарот на Виена уби четири и рани повеќе од 20 лица, работел во компанија која се занимавала со обезбедување на болници.

Неговиот долгогодишен пријател, кој се наоѓа во истражен затвор затоа што е осомничен за соучесништво, рекол дека Фејзулаи, при првото заклучување на Австрија поради коронавирусот, бил вработен и примал минимална плата, како обезбедување во болница.

Тој немал работен однос со болницата, туку со компанијата што ја презела работата за обезбедување на здравствената установа.

Според протоколот од сослушувањето, што го пренесува агенцијата АПА, компанијата што му ја дала работата, преку група на „Ватсап“, на дневна основа организирала луѓе да ги обезбедуваат објектите.

Осомничениот исто така изјавил дека Фејзулаи му понудил да заработи пари со обезбедување на објектите, но тој го одбил.

Тој понатаму посочил дека Фејзулаи, по раното пуштање на условна слобода во декември минатата година, имал долга брада и користел производи за раст на косата.

Кога пријателот му кажал дека тој има мала брада, Фејзулаи му го препорачал препаратот, а потоа и му подарил едно пакување.

Инаку, мистеријата за тоа како стигнал до центарот на Виена најверојатно е решена, бидејќи сооред последните сознанија Фејзулаи наводно користел „Убер“ за да со неговото оружје стигне до местото на злосторството.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми