Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Термини за изнесување на кучињата миленичиња за време на забраната за движење

Термини за изнесување на кучињата миленичиња за време на забраната за движење
Img 7972

Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април.

Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница,  на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020,  полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро.

Повозрасните од 67 години од задутре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 во работни денови, а на младите до 18 години дозволено ќе им биде надвор од дома да бидат само од 13 до 15 часот. хс/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму

Михајловски: Очекуваме поголем број на советници кои ќе го направат Штип подобро место за живеење