Утрински Весник
Македонија

Терапија без прекин, побара Здружението за Цистична Фиброза на средбата со Пендаровски

Терапија без прекин, побара Здружението за Цистична Фиброза на средбата со Пендаровски
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на здружението Асоцијација за Цистична Фиброза.

На средбата претставниците на здружението потенцираа дека бараат да им биде обезбедена модуларна терапија којашто во дел од соседните земји веќе е достапна за болните од цистична фиброза. Исто така, од здружението укажаа на потребата дијагнозата Цистична Фиброза да се врати во регистарот на ретки болести. Со тоа, како што истакнаа ќе се олесни пристапот на болните до соодветните лекови.

Во разговор со претседателот Пендаровски претставниците на здружението ги споделија и останатите предизвици и проблеми со коишто се соочуваат.
Притоа ја посочија потребата од континуиран и непрекинат пристап до стандардната терапија, набавка на медицински помагала – инхалатори и витамински суплементи.

Изразувајќи поддршка на нивните заложби за актуелизирање и подигнување на свеста за оваа болест, претседателот Пендаровски ја нагласи потребата од ангажман на сите надлежни институции во насока на обезбедување соодветен третман на пациентите, согласно со светските трендови.

Во таа насока претседателот Пендаровски го истакна придонесот на Асоцијацијата, којашто во континуитет им помага на овие граѓани, како во справувањето со нивната болест, така и со низата неизвесности коишто произлегуваат од неа, информираат од кабинетот на Пендаровски.

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!