Утрински Весник
Спорт

Тенисерот Де Минаур под истрага за купување на лажен КОВИД-19 сертификат

Тенисерот Де Минаур под истрага за купување на лажен КОВИД-19 сертификат

Австралискиот тенисер, Алекс де Минаур е меѓу 2.200 луѓе кои се под истрага во Шпанија за купување на лажни КОВИД-19 сертификати, објави шпанската полиција за „АФП“.

„Можеме да потврдиме дека неговото име е меѓу обвинетите“, велат од шпанската полиција.

23-годишниот Ди Минаур играше на Австралија опен минатиот месец, каде што вакцинацијата беше задолжителна, а на светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ му беше двапати одбиена визата поради тоа што не бил вакциниран.

Шпанската полиција ја води истрагата под име „Операција Џенер“ од јануари за шпанска организација која давала лажни ПЦР тестови и КОВИД-19 сертификати на група од Франција. Досега 11 луѓе се уапсени, а 2.200 се под истрага поради лажно добивање на сертификати. Групата нудела лажни ПЦР резултати за 50 евра, а КОВИД-19 сертификати за 200 евра.

> Тенисерот Де Минаур под истрага за купување на лажен КОВИД-19 сертификат <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина