Утрински Весник
Спорт

Тенисерките ќе продолжат да бидат тестирани за допинг и покрај тоа што сите турнири се откажани до јуни

Барти ја детронира Свитолина во Шенжен

Париз, 21 март 2020 (МИА) – Тенисерките ќе продолжат да бидат тестирани за допинг, и покрај суспендирањето на сите турнири до 7 јуни, објавено е на официјалната веб-страница на Светската тениска асоцијација (ВТА).

Здружението гарантира дека инспекторите ќе носат маски и ракавици, ќе ги дезинфицираат сите површини, ќе избегнуваат телесен контакт и ќе бидат на безбедно растојание.

Се очекува истото ова да важи и за тенисерите, бидејќи ИТФ (Светска тениска федерација) бара контрола на допинг. Покрај тоа, тенисерите ќе бидат тестирани од национални организации за борба против допинг и ВАДА (Светска антидопинг агенција). зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026