Утрински Весник
Свет

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас

Наместо да се смеете на нашиот модел на борба против ковид-19, подобро би било да научите нешто од нашето искуство, вели шведскиот епидемиолог Андре Тенгел.

Тој во отворено писмо вели дека карантинот и другите ограничувања кои ги вовеле сите европски земји можат да функционираат само во краток период, а на долг период подобар е шведскиот модел.

Шведската влада не воведе рестриктивни мерки, туку само даде упатства на граѓаните како да се однесуваат, што како последица има голем број заразенуи и починати од коронавирус, отколку во земјите кои воведоа карантин.

Во писмото се објаснува дека шведскиот модел не е исто она што го примениле во САД и Бразил, ниту е модел секој да се грижи за себе, туку е модел сите за сите.

„Шведскиот модел на одбрана од коронавирусот има историски корени и се базира на идејата дека секој треба да учествува во одбраната ( не само од заразата, туку и во други ситуации) и секој да даде свој придонес. На долг рок ќе се покаже дека шведскиот модел е подобар, бидејќи строгите мерки, црваната зона и карантинот можат да се применат само краткотрајно, тврди тој.

„ Да се спротивставиш на кризата која трае долго или се враќа во бранови, е можно само со одговорно учество и однесување на сите граѓани“ пишува во писмото од Стокхолм, кое го објави онлајн магазинот „Политико“.

Текстот Тенгел: Наместо да се смеетe на шведскиот модел, научете нешто од нас е превземен од МАКФАКС.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Наводи за употреба на експериментално оружје во операцијата против Мадуро

Шведска ќе инвестира 1,6 милијарди долари во системи за воздушна одбрана

Данска потврди дека Марко Рубио ќе се сретне со данскиот шеф на дипломатија за Гренланд