Утрински Весник
Македонија

Телефонски разговор Димитров – Блок: Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги почне преговорите со ЕУ

Телефонски разговор Димитров – Блок: Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги почне преговорите со ЕУ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 17 март 2020 (МИА) – Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, односно дека по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не постојат никакви пречки за почеток на преговорите.

Ова го истакнал холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во телефонски разговор со шефот на дипломатијата Никола Димитров, покренат на барање на Димитров, вчера во вечерните часови во контекст на Советот за општи работи на ЕУ, којшто е предвиден да се одржи на 24 март, а на кој ќе се разгледува донесување на одлуката за отпочнување на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Како што соопшти МНР, Блок го информираше Димитров дека во писмото до холандскиот Парламент, холандската Влада ги споделува наодите на Европската комисија дека Владата на Северна Македонија продолжи да испорачува опипливи и одржливи резултати во однос на условите поставени од Советот на ЕУ во јуни 2018 година.

-Министерот Димитров од своја страна ја реафирмираше заложбата на нашата земја за продолжување на зацртаниот реформски пат во однос на евроинтеграциите, а беа разменети и информации и за мерките против коронавирусот и ситуацијата на границите низ Европа, стои во соопштението. вг/са/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен