Утрински Весник
Економија

Текстилните и кожарските фабрики во Штип не смеат да работат за време на карантинот

Конференција за трудово и социјално право

Скопје, 4 јуни 2020 (МИА) – Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денеска Главниот координативен кризен штаб.

Одлуката е донесена врз основа на барањето на Општина Штип, со цел да се спречи ширењето на корона вирусот.

– Главниот координативен штаб за обезбедување на целосна координација во врска со спречувањето на ширењето на Корона вирусот денес го разгледа и го прифати барањето за воведување на забрана за работа доставено од Општина Штип, односно се забранува издавањето на дозволи за работа за време на викенд за фабриките од текстилната и кожарската индустрија во подрачјето на Општина Штип, односно истите да останат затворени, се наведува во извадокот од 67-тиот состанок на Главниот координативен штаб.

Сите останати правни субјекти и економски оператори, маркети и доставувачи на храна на подрачјето на Штип ќе работат согласно претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час.

Од Кабинетот на вицепремиерката задолжена за економски прашања апелираат строго да се почитуваат протоколите за заштита на работниците при транспортот и на работните места. бак/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Кој купува стан во Скопје?! Без вода, без воздух, со бетониран пекол на секој агол!“

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ